сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 55
home Хроника

Маж изгоре во пожар во сопствената куќа во кривопаланечко

Маж изгоре во пожар во сопствената куќа во кривопаланечко

Oд засега непознати причини избувнал пожар вчера утрината во куќа сопственост на Љ.С.(58) во село Узем-Крива Паланка.

-Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица. При увидот било пронајдено опожареното тело на сопственикот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус