четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 109
home Хроника

Маж и жена се тепале во кафеана во Тетово, па завршиле во станица

Маж и жена се тепале во кафеана во Тетово, па завршиле во станица

Две лица завршиле синоиќа со станица по нарушен јавен ред и мир.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски истакнува дека околу 1 часот и 10 минути, пријавено е нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово.

-Во истиот учествувале 50-годишната Л.Н. од Пробиштип и 45-годишниот тетовец К.С, кои меѓусебно физички се пресметувале. Двајцата приведени се и задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот, информира Јосифоски.