сабота, 17. август 2019. Вести денес: 76
home Хроника

Маж и жена пронајдени мртви во стан во Битола

Маж и жена пронајдени мртви во стан во Битола

Маж и жена попладнево се пронајдени починати во стан во Битола.

Како што соопштија од Јавното обвинителство, дежурен јавен обвинител изврши увид во стан на улица „Климент Охридски“ во Битола, каде се пронајдени безживотни тела на маж и жена, на возраст од 62 и 57 години.

„Во насока на расчистување на кривично-правниот настан, издадена е Наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени и подигнати на лице место“, стои во соопштението.

По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени за обдукција.