сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 63
home Хроника

Масовна тепачка во Куманово, агресивно нападнат полицаец

Масовна тепачка во Куманово, агресивно нападнат полицаец

На 24.09.2021 во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.М.(22), В.М.(31) и Б.И.(41), сите од Куманово, затоа што учествувале во меѓусебна физичка пресметка, а Б.И. агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

На лицата А.М. и В.М. им бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, а по целосно документирање на случајот против Б.И. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Локални избори 2021