понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 97
home Хроника

Марихуана во храна: Oсуденик во затворот во Струмица криел дрога

Марихуана во храна: Oсуденик во затворот во Струмица криел дрога

Осуденик во затворот во Струмица криел марихуана во храна. Дрогата, како што денеска соопшти полицијата, ја открил надзорник во затворот при рутинска контрола.

Случајот бил пријавен вчера во полициската станица во Струмица. Марихуаната била пронајдена во храна која била донесена за осуденикот Т.Н.

Дрогата е одземена и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус