сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 110
home Хроника

Марихуана пронајдена во автобус кај Миладиновци

Од страна на полициска патрола од станицата Петровец било утврдено дека во најлонската ќеса има четири паковки марихуана со вкупна тежина од околу два килограми.
Марихуана пронајдена во автобус кај Миладиновци

На автопатот Скопје-село Миладиновци вчера во патнички автобус била пронајдена ќеса со марихуана.

Како што соопшти МВР, вчера во 11.35 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-село Миладиновци во патнички автобус со скопски регистерски таблици, кој сообраќал на релација Скопје-Дортмунд, била пронајдена една најлонска ќеса оставена внатре во автобусот. Никој од патниците не се јавил како сопственик.

Од страна на полициска патрола од станицата Петровец било утврдено дека во најлонската ќеса има четири паковки марихуана со вкупна тежина од околу два килограми.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус