понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Манијак во Градски парк: Им пришол на две девојки да се запознаат, а потоа ги шокирал

Манијак во Градски парк: Им пришол на две девојки да се запознаат, а потоа ги шокирал

Деветнаесетгодишната скопјанка С.М. (19) вчера во 18:15 часот пријавила дека истиот ден околу 16:00 часот, додека шетала заедно со нејзината другарка низ Градски парк, во близина на дискотеките, во еден момент забележала машко лице, на возраст околу 40 години, кое најпрво им се доближило и ги прашало дали сакаат да се запознаат.

Откако го одбиле лицето се доближило зад клупата каде што седеле, по што пријавителката и нејзината пријателка го забележале како се самозадоволува.

С.М. и нејзината другарка станале и се упатиле кон дискотеките, но лицето се движело кон нив, по што веднаш се јавиле во 192 , а по кратко време лицето си заминало.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.