среда, 14. април 2021. Вести денес: 45
home Хроника

Малтретирање во вршење на службата: Полицаец претепал кумановец

Малтретирање во вршење на службата: Полицаец претепал кумановец

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Д.К.(40) од Куманово – полициски службеник во Полициската станица Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

На 14 декември 2020, пријавениот во својство на полициски службеник при вршењето службата физички го малтретирал И.П. од Куманово при што му нанел телесни повреди.

Против полицискиот службеник е поведена и постапака за утврдување дисциплинска одговорност.

Коронавирус