среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 111
home Хроника

Малолетникот кој во Бутел беше прободен со нож е на домашно лекување- Сторителите ѝ се познати на полицијата

Малолетникот кој во Бутел беше прободен со нож е на домашно лекување- Сторителите ѝ се познати на полицијата

Во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје вчера пријавил дека околу 19.45 часот, на улица „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од неколку малолетници, со остар предмет, при што се здобил со повреда.

Тој бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, а потоа е пуштен на домашно лекување.

Сторителите ѝ се познати на полицијата и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Инаку, неколку лица синоќа во Бутел со нож нападнале две малолетни деца, при што на едното дете на возраст од 13 години му е забоден нож во грбот, а на другото дете на слична возраст му е скината јакна од ножот во обид да биде прободено.