вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник возел мотор во Прилеп, тешко е повреден во сообраќајка

Малолетник возел мотор во Прилеп, тешко е повреден во сообраќајка

На 20.09.2019 околу 19:00 часот на крстосница од улиците „Марксова“ и „Тризла“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(29) од Прилеп и мотоцикл „Трува“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 16-годишен малолетник од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во болницата во Прилеп каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.