сабота, 3. јуни 2023. Вести денес: 56
home Хроника

Малолетник украл револвер од музеј во Битола – еве каде бил пронајден истиот

Малолетник украл револвер од музеј во Битола – еве каде бил пронајден истиот

На 12.05.2021 во 12.30 часот во СВР Битола, М.С.(49) од Битола пријавила дека на 08.05.2021 во 18.00 часот, малолетник влегол во просториите на музејот во Битола и од музејска поставка во посебна просторија одзел револвер, непозната марка.

По преземени мерки, револверот е пронајден, одземен од Б.Ј.(37) од Битола и вратен на пријавителот. По документирање на случајот ќе следува поднесок.