вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 57
home Хроника

Малолетник тешко повреден, возел мотор и направил сообраќајка

Малолетник тешко повреден, возел мотор и направил сообраќајка

На 02.07.2019 во 18:15 часот на регионален пат Јегуновце-Желино, во село Сиричино, се случило сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Ауди А6“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(32) од село Голема Речица и мотоцикл „Јонваи“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од село Јанчиште.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Тетово каде му била укажана лекарска помош.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.