сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 66
home Хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Куманово

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Куманово

Шеснаесет годишно момче се здобило со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера попладне на ул.„Драган Стопаревиќ“ во Куманово.

Од МВР информираат дека до несреќата дошло при судир на „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(47) од Куманово и мопед „априлја“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник.

-Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Коронавирус