петок, 29. септември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка кај Арачиново

Малолетник тешко повреден во сообраќајка кај Арачиново

На 17.09.2018 година во 11,30 часот во Секторот за внатрешни Скопје било пријавено дека во село Арачиново, скопско на улица „1“ патничко моторно возило „Форд Ка“ со тетовски регистерски ознаки управувано од Н.С.(20) од село Арачиново, скопско изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски ѕид од куќа.

Во незгодата сопатникот од возилото на возраст од 16 години од село Танушевци, скопско се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, додека возачот се здобил со телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.