понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 15
home Хроника

Малолетник тешко повреден по пад од мотор

Малолетник тешко повреден по пад од мотор

Петнаесет годишен малолетник од село Бараково е тешко повреден откако паднал од мотор.

Несреќата, информираат од МВР, се случила вчера попладне, а случајот бил пријавен од  лекар од Итната медицинска помош Демир Хисар каде детето побарало помош.

-Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што било констатирано дека во близина на крстосницата за с.Света, малолетникот, управувајќи мопед „хамачи“, со демирхисарски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. За настанот бил известен Јавен обвинител, информираат од МВР.