сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник тешко повреден, паднал од мопед

Малолетник тешко повреден, паднал од мопед

На 01.08.2021 во 00.45 часот било пријавено дека на локалниот пат Свети Николе-с.Кнежје, мопед „априлија“, без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Свети Николе, паднал на коловозот, информира МВР.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Коронавирус