среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 179
home Хроника

Малолетник тешко повреден на „Џон Кенеди“ по удар од мотор

Малолетник тешко повреден на „Џон Кенеди“ по удар од мотор

Малолетен пешак се здобил со тешки повреди откако во него удрил мотор „пијаџо“.

Несреќата, информираат од полицијата, се случила вчера попладне на улицата „Џон Кенеди“.

– Е.Г.(20) од Скопје, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со скопски регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак од с.Палиград. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, информираат од МВР.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Локални избори 2021