петок, 25. септември 2020. Вести денес: 139
home Хроника

Малолетник со „Пежо“ излета од пат, повредени пет лица

Малолетник со „Пежо“ излета од пат, повредени пет лица

Пет лица се повредени откако вчера околу 17.40 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш автомобил „пежо“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 16 – годишен малолетник од Струмица, излетало надвор од патот.

-Во незгодата, сопатниците А.О.(20) и 13-годишен малолетник, двајцата од Струмица, се здобиле со тешки телесни повреди, додека возачот и уште двајца малолетни сопатници, на возраст од 14 и 15 години, двајцата од Струмица, се здобиле со телесни повреди. Тие биле пренесени во Клинички центар Штип за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Радовиш.

Коронавирус