На 27.11.2020 во 09.30 часот на регионалниот пат Струмица-с.Баница-с.Вељуса се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „датсун нисан“ со штипски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Баница и запрежно возило, управувано од Б.К.(62) од с.Василево.
Во незгодата Б.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.