среда, 3. март 2021. Вести денес: 16
home Хроника

Малолетник се обидел да силува девојка во струшко

Малолетник се обидел да силува девојка во струшко

Малолетник од Струшко синоќа се обидел да силува 27-годишна девојка. Случајот во полиција го пријавил вујкото на девојката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

– Во ОВР Струга, во 20 часот и 4 минути, 42-годишен жител на струшко село пријавил обид за обљуба од страна на малолетник врз негова 27-годишна внука. Во полициската станица Струга, во присуство на родител, со малолетникот бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Настанот се случил во домот на девојката, која успеала да се спаси од напаѓачот со викање и побарала помош од соседната куќа, каде живеел нејзиниот вујко

Коронавирус