сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 32
Во живо

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТ ЗА ПОЛИКЛИНИКА ВО БУТЕЛ!

home Хроника

Малолетник претепан во автоперална во тетовско

Малолетник претепан во автоперална во тетовско

На 14.09.2020 во СВР Тетово полициски службеници од Полициска станица Тетово ги лишиле од слобода Е.С.(19), Ј.М.(18) и Д.А.(19), сите од тетовско Теарце, постапувајќи по претходна пријава.

Според пријавеното, 17-годишник од тетовско Пршовце, заедно со неговиот татко, околу 16:30 часот во автопералница во ова село, во која работел, бил физички нападнат од три лица, кои нападнале и лице кое се обидело да ги раздели, при што користеле тврди предмети и на малолетникот му нанеле тешки телесни повреди.

Тројцата напаѓачи биле задржани во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.

Коронавирус