четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 41
home Хроника

Малолетник прегазен во Скопје, со тешки повреди пренесен во болница

Малолетник прегазен во Скопје, со тешки повреди пренесен во болница

Малолетен пешак вчера во 19:45 часот бил удрен од автомобил.

Несреќата, информира МВР, се случила на ул.„Љуба Ивановиќ“ во Скопје, кога автомобил „Пежо 108“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Д.(57) од Скопје, удрил во пешакот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

ЕУРО 2020

Македонија