петок, 18. септември 2020. Вести денес: 18
home Хроника

Малолетник повреден во сообраќајка на регионалниот пат Струга-Дебар

Малолетник повреден во сообраќајка на регионалниот пат Струга-Дебар
илустрација

На 08.08.2020 во 10:34 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Мелнички мост се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода фабиа“ со охридски регистарски ознаки управувано од Д.С.(47) од с.Подгорци и мопед „соник“ со струшки регистарски ознаки управуван од 16 годишник од с.Мороишта.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.

Коронавирус