недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 72
home Хроника

Малолетник паднал од тераса во Гостивар, додека работел на објект

Малолетник паднал од тераса во Гостивар, додека работел на објект

Вчера околу пладне во Полициската станица Гостивар било пријавено дека 16-годишен албански државјанин паднал од тераса од висина од над шест метри и се здобил со тешки телесни повреди.

Според пријавата, тој паднал додека извршувал работни задачи објект во изградба на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар. По укажана помош во болницата во Гостивар, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за расчисрување на случајот.

Коронавирус