четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 142
home Хроника

Малолетник од село Врапчиште со пушка ранил свој врсник!

Малолетник од село Врапчиште со пушка ранил свој врсник!

На 06.01.2021 во 14.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во приватна болница „Систина“ на 05.01.2021 донесено е повредено лице од огнено оружје.

Според пријавата, на 05.01.2021 околу 15.30 часот во помошен објект во атар на с.Врапчиште, 16 годишен малолетник од с.Врапчиште ракувајќи со воздушна пушка со еден истрел погодил друг малолетник од с.Врапчиште.

По настанот повредениот е префрлен во приватна болница „Систина“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистувaње на случајот.

Локални избори 2021