сабота, 30. септември 2023. Вести денес: 7
home Хроника

Малолетник од Битола купувал преку интернет со туѓа картичка

Малолетник од Битола купувал преку интернет со туѓа картичка

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од битолското село Кажани за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

МВР информира дека од 25 до 28.07 годинава, тој од веб-страни извршил нарачка на производи во износ од 16.600 денари, за кои при плаќањето ги навел податоците од банкарска картичка во сопственост на С.Н.