четврток, 28. септември 2023. Вести денес: 123
home Хроника

Малолетник нападнат во автобус со број 57

Малолетник нападнат во автобус со број 57

Шеснаесетгодишно момче половина час по полноќ бил нападнато во автобус на ЈСП „Скопје“ со број 57 кој сообраќа на релација од Козле до Радишани.

Како што соопшти МВР, момчето било нападнато од три лица со кои претходно заедно биле на роденден кај нивна другарка во кафуле во Центар. Причина за нападот била претходна расправија. Напаѓачите потоа се симнале на автобуската постојка спроти „Стара фурна“ во Чаир и заминале.

Случајот во полиција го пријавила мајката на детето, Л.Н.(39). Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.