петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетник на мотор се судрил со „голф“, двајца тешко повредени

Малолетник на мотор се судрил со „голф“, двајца тешко повредени

Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Кочани-Пониква. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.М. (42) од Штип и моторцикл „зонгшен“ без регистарски ознаки управуван од 17-годишно лице од с.Бели каде сопатник бил Ј.К.(69) од с.Бели.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле моторциклистот и сопатникот кои биле пренесени во Јавната здравствена установа-Кочани. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кочани.

Коронавирус