недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 78
home Хроника

Малолетник крадел во скопско- полицијата го приведе

Малолетник крадел во скопско- полицијата го приведе

Во Полициската станица Чаир вчера во 13:45 часот од слобода е лишен малолетник од Скопје поради основано сомнение дека е сторител на неколку кривични дела „тешка кражба”.

Како што информира МВР, првата кражба е пријавена на 30.01.2021 во маркет во село Горо Оризари, скопско од каде се одземени пари и продукти, втората кражба е пријавена на 31.01.2021 година, во објект во село Горно Оризари, скопско, сопственост на С.В., од каде биле одземени пари.

Третата тешка кражба е извршена во Основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во населба Шуто Оризари од каде бил одземен алат.

Известен е Јавен обвинител за малолетници и по документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци.

ЕУРО 2020

Македонија