вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 157
home Хроника

Малолетник и негов сопатник повредени во сообраќајка во Свети Николе

Малолетник и негов сопатник повредени во сообраќајка во Свети Николе

На 27.07.2021 во 20.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на крстосницата од улиците „Маршал Тито“, „Филип Втори“ и „11 Октомври“ во Свети Николе се случила сообраќајна незгода.

Во несреќата учествувале мопед „априлиа“, со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Свети Николе и автомобил „мазда“, со германски национални ознаки, управуван од И.Н.(29) од Свети Николе.

-Во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил сопатникот, констатирани во ЈЗУ Свети Николе, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Коронавирус