сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 76
home Хроника

Малолетник фатен со дрога синоќа

Малолетник фатен со дрога синоќа

Во текот на вчерашниот ден околу 23.15 часот во населба Автокоманда во Штип, полициски службеници извршиле преглед над 16-годишник од Штип, при што било пронајдено едно најлонско пакување марихуана, информираат од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен разговор во присуство на родител. Марихуаната била одземена и дадена на вештачење. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.