вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 172
home Хроника

Малолетници повредени откако со мопед удриле во автомобил

Малолетници повредени откако со мопед удриле во автомобил

На 14.07.2019 околу 13:50 часот на ул.„Васко Карангелевски“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ц.С(61) од Битола  и  мопед „Априлија“со битолски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(16) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничка болница Битола.

Додека, сопатникот на мопедот О.С.(16 ) се здобил со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Битола.