понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 143
home Хроника

Малолетници повредени откако со мопед излетале од патот

Малолетници повредени откако со мопед излетале од патот

Две 17-годишни момчиња биле повредени откако синоќа со мопед излетале од патот, на делницата од Кавадарци кон селото Брушани кај Тиквешко Езеро, во месноста викана „Модри стени“.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб  Додевски изјави дека  во незгодата, со тешки телесни повреди се здобило момчето Д.С. кое го управувало мопедот  „Гланз 50“ со кавадаречки регистарски ознаки.

Со телесни повреди се здобило момчето сопатник  В.П. од Кавадарци.

На двете момчиња  им била укажана лекарска помош во општа болница Кавадарци.

Извршен е увид на местото на настанот.