вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 139
home Хроника

Малолетничка тешко повредена, возела мотор и удрила во Лада со приколка

Малолетничка тешко повредена, возела мотор и удрила во Лада со приколка
илустрација

На 20.10.2020 во 17.15 часот било пријавено дека во Свети Николе на ул„Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „лада нива“, со светиниколски регистарски ознаки, со приклучно возило-лесна приколка, управувано од Б.Б.(35) од Свети Николе и мопед „априлија“, со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетничка од Свети Николе.

Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Свети Николе.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Коронавирус