недела, 15. декември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетничка тешко повредена, полицијата со детали за сообраќајката на патот Охрид-Ресен

Малолетничка тешко повредена, полицијата со детали за сообраќајката на патот Охрид-Ресен

Две лица се здобиле со тешки повредиво сообраќајната несреќа која вчера во 20.15 часот се случила на крстосницата на магистралниот пат Охрид – Ресен со локалниот пат за селото Куратица.

-Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „Сеат Леон“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(23) од Битола и патничко возило „Рено Клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(22) од Охрид.Вo незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.К. и малолетно девојче, сопатник во возилото „Рено Клио“, информираат од охридската полиција.

Тие биле пренесени во општата болница, а подоцна и во болницата „Св.Еразмо“, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.