сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Малолетничка со автомобил излетала од пат во река

Малолетничка со автомобил излетала од пат во река

На локалниот пат од село Добрејци кон село Пиперево, Струмичко, на мостот на реката Струмица, патничко возило „лада”, без регистарски ознаки, управувано од 17–годишна малолетничка, изгубило контрола и излетало од коловозот во реката.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Струмица, каде што била пренесена за укажување лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа на полициска станица Струмица.

Коронавирус