понеделник, 25. септември 2023. Вести денес: 67
home Хроника

Малолетничка прегазена во Скопје, возачот избегал

Малолетничка прегазена во Скопје, возачот избегал

На 01.04.2021 во 18.10 чaсот на ул.„Лазар Трповски“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ф.(28) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на незгодата, информира МВР.

Малолетничката била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде од лекар ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.