вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 14
home Хроника

Малолетничка повредена откако 53-годишен жител на Ново Село удрил во неа со „Голф“ – девојчето итно пренесено во болница, еве ги деталите

Малолетничка повредена откако 53-годишен жител на Ново Село удрил во неа со „Голф“ – девојчето итно пренесено во болница, еве ги деталите

Малолетно девојче беше повредено вчера откако во неа удрил 53-годишниот Е.И. од Ново Село кој управувал возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки. Незгодата се случила на локалниот пат што ги поврзува тетовско Ново Село и Боговиње.

-Повреденото девојче пренесено е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата увид извршила екипа од СВР Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

На подрачјето на СВР Тетово, во акциска контрола на пешаци и нивното однесување како учесници во сообраќајот, вчера биле откриени и санкционирани 30 прекршоци.

Десет преминувале надвор од пешачки премин, додека 20 не ја почитувале сообраќајната сигнализација. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија