петок, 7. август 2020. Вести денес: 114
home Хроника

Малолетен Сириец пронајден во БМВ кај Неготино, возачот и другите мигранти избегале

Малолетен Сириец пронајден во БМВ кај Неготино, возачот и другите мигранти избегале

На 14.07.2020 во 12.30 часот кај тунелите на магистралниот пат Удово – Демир Капија било забележано патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, во кое имало мигранти. По преземени мерки од полициски службеници возилото било пронајдено во непосредна близина на плацот на ЈП „Комуналец“ во Неготино, информираат од МВР.

Од почицијата посочуваат дека еден мигрант, 16-годишник од Сирија, останал во багажникот од возилото, а возачот и останатите мигранти избегале. На местото на настанот бил извршен увид, известен е Јавен обвинител, а возилото било однесено во депото во Кавадарци.

Пронајдениот мигрант бил задржан во ПТЦ Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус