Вести увид извршила увидна екипа од СВР Скопје

Малолетен пешак тешко повреден во Скопје, откако во него удрил автомобил

Малолетен пешак ноќеска е тешко повреден кога во него удрило возило управувано од триесет и четиригодишен скопјанец.

Малолетен пешак тешко повреден во Скопје, откако во него удрил автомобил

Како што соопшти МВР, ноќеска осум минути по полноќ во СВР Скопје, било пријавено дека на Булевар „8-ми Септември“, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Д.(34) од Скопје удрило во малолетен пешак од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се наведува во соопштението на полицијата.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Најнови вести од Вести

To top