вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 116
home Хроника

Малолетен пешак тешко повреден во Кочани

Малолетен пешак тешко повреден во Кочани

Автомобил „Ауди КУ7“, со бугарски национални ознаки, управувано од Б.Ц.(28) од Кочани, удрило во 17-годишен пешак од Кочани.

Несреќата се случила вчера во 20.50 часот на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што била пренесена во Медицинскиот центар Кочани за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Коронавирус