недела, 27. септември 2020. Вести денес: 65
home Хроника

Македонски камион се преврте на автопатот Ниш- Белград, возачот во болница

Македонски камион се преврте на автопатот Ниш- Белград, возачот во болница

Камион со македонски регистарски ознаки се преврте изутрина во 08:30 часот на автопатот Ниш- Белград, кај Алексинац, поради што сообраќајот на патниот правец е во прекин, соопштија од Јавното претпријатие за патишта на Србија.

Според полицијата, возачот на камионот со прва помош е префрлен во Клиничкиот центар во Ниш, но не е позната неговата здравствена состојба, јави дописникот на МИА од Белград.

Засега не е познат идентитетот на возачот, ниту причината за сообраќајната незгода.

Коронавирус