вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 122
home Хроника

Македонски државјанин уапсен во Белград со над четири килограми хероин (ВИДЕО)

Македонски државјанин уапсен во Белград со над четири килограми хероин (ВИДЕО)

Српската полиција во Белград уапси државјанин на Македонија и на Украина кај кои пронајде над четири килограми хероин.

С.Х. (54) од Р.С. Македонија и Н.Ш (33) од Украина се уапсени под соменение дека извршиле кривично дело неовластено производство и ставање во промет опојни дроги.

Како што соопштува српското МВР пронајде 4,2 килограми хероин во внатрешниот дел од алуминумските фелни на возило „Ауди а6“ со романски регистарски ознаки во кој се наоѓале осомничените.
На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред Вишо јавно обвинителство во Белград.

Видеото можете да го погледнете ТУКА