сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 12
home Хроника

Македонски државјанин приведен во Бугарија – превезувал 33 килограми канабис

Македонски државјанин приведен во Бугарија – превезувал 33 килограми канабис

Бугарски царинци пронашле повеќе од 33 килограми канабис вреден 69.000 евра во автомобил со кој управувал државјанин на Македонија.

Како што пренесува БТА, автомобилот марка „киа“ со македонски регистарски таблички бил стопиран на граничниот премин меѓу двете земји на 23 декември кога цариниците, при контрола, пронашле 76 пластични кеси со марихуана под просторот за багаж и под двете предни седишта.

Возачот, Р.Р. (58), патувал сам, од Република Македонија преку Бугарија до Турција. Денеска, на барање на Окружното обвинителство – Хасково, судот на Р.Р. му изрече мерка притвор.

Коронавирус