вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 148
home Хроника

Македонската полиција уапси седум лица поради поседување на марихуана

Македонската полиција уапси седум лица поради поседување на марихуана

Македонската полиција во неколку градови низ државата изври претрес кај неколку лица и домови, при што во одделени случаеви било пронајденомарихуана, па седум лица биле уапсени, а против тројца има поднесено и кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.А.(30) и А.Е.(23), двајцата од с.Добридол, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“.

„На 14.01.2019 во с.Топлица, полициски службеници извршиле преглед на пријавените и возилото со кое се превезувале, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 18.10.2019 во 23.30 часот во с.Пирок, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.С.(18) од с.Градец, тетовско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Д.(18) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 09.10.2019 во Штип, полициски службеници извршиле претрес во куќа во која престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 19.10.2019 во 00.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.Б.(20), М.И.(18) и Н.Р.(20), сите од Тетово, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.10.2019 во 22,20 часот на патот с.Требош – с.Џепчиште, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(22), А.Д.(18), А.И.(20), сите од с.Нераште, тетовско, и С.Р.(19) од тетовско Ново Село, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“ стои во извештај од полицијата.