вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Македонец во Србија заглави во притвор за поседување нелегално оружје

Македонец во Србија заглави во притвор за поседување нелегално оружје

Полицијата во Пожаревац, Србија, уапси 29-годишен македонски државјанин за поседување нелегално оружје и загрозување на сигурноста.

Како што соопштуваат српските медиуми 29-годишниот П.С. е уапсен откако предизвикал врева пред куќата на 57-годишна жена, шутирајќи ја влезата врата и барајќи да го види нејзиниот сопруг.

По апсењето полицијата кај П.С. нашла два пиштоли, додека при претрес на неговиот стан во Пожаревац пронајдени се еден пиштол и повеќе парчиња муниција.

На осомничениот му е одреден притвор од 30 дена.