вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Македонец притворен во Будва, го претепал својот цимер од Македонија со метална шипка

Македонец притворен во Будва, го претепал својот цимер од Македонија со метална шипка

Македонскиот државјанин, З.Д. (50) заработи притвор во траење од еден месец откако вчера околу 19 часот, во населбата Велји Виногради во Будва, со метална шипка го нападнал својот цимер, исто така македонски државјанин.

-Од силината на ударот, претепаниот маж паднал на асфалтот. Затекнат е како лежи во локви крв на улица, по што му е укажана лекарска помош. Констатирани му се тешки повреди на главата. Полицијата успеа да го пронајде и уапси напаѓачот, пишуваат медиумите во Подгорица.

Локални избори 2021