понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Македонец повреден во сообраќајка во Турција, камионот смачкан (ФОТО)

Македонец повреден во сообраќајка во Турција, камионот смачкан (ФОТО)

Македонскиот возач Глигор Филов е повреден во сообраќајна несреќа во Турција во судир на камион со камион во близина на градот Сандикли во 55 километар на автопатот Афионкахисар – Анталија.

Турските медиуми објавија дека камионот имал регистарски таблички на ЕУ, а по судирот натоварените гајби со компири се разлетале насекаде, по што автопатот морал некое време да се затвори додека да се расчисти од службите и да се тргнат возилата.

Несреќата се случила во близина на наплатна рампа, а како што информираат турските медиуми, била претрпена голема материјална штета на предниот дел од камионот.

Двајцата возачи биле пренесени во државната болница Сандикли.

Коронавирус