среда, 28. септември 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Македонец му се раздолжил на својот брат со фалсификувани 100 евра

Македонец му се раздолжил на својот брат со фалсификувани 100 евра

Жител на селото Цера во Македонска Каменица, при исплата на долг кон неговиот брат  Б.С. употребил фалсификувана банкнота од 100 евра.

Сопругата на Б.С. при внесување на паричните средства на девизна сметка, во банката дознала дека банкнотата е фалсификат.

47-годишниот К.С. од Цера е пријавен во полиција, а Надворешната канцеларија Кочани при Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против него за сторено кривично дело „фалсификување пари”.

Тој рекол дека банкнотата ја набавил од непознато лице.

Коронавирус