понеделник, 6. декември 2021. Вести денес: 126
home Хроника

Македонец и Словенец под истрага за трговија со дрога во Тетово

Македонец и Словенец под истрага за трговија со дрога во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден македонски и еден словенечки државјанин за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, на 5 август, во автомобил со тетовски регистарски ознаки пренесувале наркотична дрога – 100,49 грама кокаин и 3,2 грама хашиш. Дрогата ја пронашле полициски службеници кои го запреле автомобилот на наплатната станица Желино.

За двајцата осомничени надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор заради можноста да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци или да го повторат делото. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.​

Коронавирус